February 6, 2023, 3:19 am

Поддржувачите на Трамп спроведуваат алтернативно гласање во спopните држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стивен Милер, советникот на актуелниот републикански американски претседател Доналд Трамп, изјави во понеделникот дека во спорните сојузни држави се одржува алтернативно гласање на избирачите, од кое резулатите ќе бидат предадени во Конгресот.

„Додека зборуваме, во спорните држави гласаат алтернативните избирачки групи и имаме намера да ги испратиме тие резултати“, изјави Милер за телевизиската мрежа Fox News.

Како што појасни, тоа е потребно доколку бидат усвоени некои претставки и тужби во судовите да може да „ги испратат овие алтернативни резултати од гласањето на избирачите на одобрување“. Тоа е неопходно за „сите наши правни можности да останат на располагање“, додаде Милер.

Електорските глсови, кои се потврдуваат според гласовите на избирачите во секоја сојузна држава, се одвива во понеделникот. Се очекува ткн електорски колегиум (колеџ) да ја потврди победата на демократот Џо Бајден, кој според пресметките на водечките американски медиуми освоил 306 електорски гласови, односно над неопходните од 270 од вкупно 538-те вакви гласови. Конгресот треба да ги потврди резултатите од електорскиот колеџ на 6-ти јануари, а инаугурацијата на новиот претседател на САД секогаш се одржува на 20-ти јануари.

„Единствениот утврден датум во Уставот е 20-ти јануари, така што имаме доволно време да ги исправиме грешките произлезени од овие нечесни изборни резултати и да го потврдиме Доналд Трамп како победник на нив“, рече Милер.

Трамп не го признава поразот на претседателските избори на 3-ти ноември и се обидува со сите правни средства да ја оспори победата на Бајден, но досега сите негови обиди беа одбивани од судовите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This