дома Актуелно ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ОД ФРАНЦИЈА: Ви ја искажувам мојата целосна поддршка,...

ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ОД ФРАНЦИЈА: Ви ја искажувам мојата целосна поддршка, господине Претседател на Републиката, за сите ваши напори направени и предвидени во решавањето на кризата во државата

Градоначалникот на францускиот град Мант-ла-Жоли, Мишел Вијале, испрати писмо со поддршка на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во справувањето на првиот човек на македонската држава со политичката криза што предолго ја измачува земјата.

Првиот човек на овој француски град му посочува на Иванов дека неговите потези во однос на разрешница на македонската криза се вистински и дека Европа верува дека тие ќе донесат мирна разрешница на случувањата во Република Македонија.

„Господине претседател на Републиката, актуелната ситуација во Република Македонија особено не загрижува сите и со големо внимание ги следиме одвивањата на настаните. Ние знаеме колку Република Македонија претрпе и продолжува да се справува со мигрантската криза и покрај тешката внатрешно-политичка ситуација во која што се наоѓа последниве години. Ние ја препознаваме и поздравуваме оваа помош кон Европа, во решавањето на мигрантската криза“, наведува градоначалникот Вијале на почетокот во писмото за поддршка за Иванов.

Првиот човек на францускиот град Мант-Ла-Жоли му посочува на македонскиот претседател дека во неговиот град, покрај околу 50-те илјади жители, има и Македонци кои го сензибилизирале за актуелната политичка ситуација во Македонија.

„Ви ја искажувам мојата целосна поддршка, господине Претседател на Републиката, за сите ваши напори направени и предвидени во решавањето на кризата во државата. Ние се надеваме дека Република Македонија ќе пронајде решение што ќе ги задоволи жителите на Македонија, кои се загрижени за нивната иднина. Исто така, се надеваме Македонија да ја сочува основата на мултиетничките и мултикултурните принципи. Ние се надеваме и очекуваме мирно и демократско решение, кое ќе и овозможи на Република Македонија како земја наскоро да се приклучи кон Европската унија“, наведува градоначалникот на Мант-ла-Жоли во писмото до Иванов.

На крајот, првиот човек на францускиот град кој е оддалечен 50 километри од Париз, уште еднаш му ја искажува својата подршка и почит на претседателот на Република Македонија.