дома Балкан ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНИЈА: Меркел го кажа конечниот ставот за промена на границите...

ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНИЈА: Меркел го кажа конечниот ставот за промена на границите на Балканот

Сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива и поддршка од Германија, порача Германската канцеларка Англа Меркел по разговорите со Претседавачот на советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.

Сараевскиот портал „Кликс“ пренесува дека канцеларката се изјаснила и против промена на границите на Балканот.

Меркел, според истиот портал, по разговорите порача дека на Балканот постојат одредени тенденции и дека се разговара за повторно менување на границите, што според нејзиното мислење, не може да се прави. Но Германските медиуми не ја цитираат канцеларката на оваа тема.
За промена на границите говореше Звиздиќ.
„Сметаме дека односите во Западен Балкан мораат за се темелат на почитување на територијалниот суверенитет и интегритет, границите на Западен Балкан се решени“ рече Звиздиќ.