Гнасна црна кампања започнаа медиумите финансирани од Сорос и под контрола на СДС, неосновано обвинувајќи една земја членка на НАТО, дека била центар на криминал со нафта и нафтени деривати, откаде се вршел шверц преку Косово во Македонија
ПОДМОЛНИ ГЛАСИНИ. Некои провладини медиуми јавуваат дека од Албанија се увезува нафта со проблематичен квалитет. Овие „информации“ ги сметам за гнасни и невистинити, бидејќи Албанија е членка на НАТО, а НАТО е гаранција зе секаков вид на квалитет. Со други зборови, се работи за класична злосторничка НАТО антипропаганда. Затоа со индигнација ги одбивам овие информации, односно „информации“, бидејќи такво нешто не е можно. – напиша Цуцуловски на неговиот ФБ профил.