дома Локално Пожар беснее кај Калишта

Пожар беснее кај Калишта

Пожар вечерва беснее кај селото Калишта и гори простор обрастен со трска. Ова е втор пожар во период од пет дена во кој гореше трската кај Калишта.

Дали станува збор за подметнат пожаp треба да утврдат надлежните. Во меѓувреме засегнатите граѓани ги повикуваат екологиcтите, министерствата и останатите субјекти да го решат проблемот.

Во последните години трската кај Калишта често беше cпалувана, а информациите кои кружеа во јавноста беа дека трската намерно се па ли со цел изградба на плажи и угостителски објекти.