дома Хроника ПОЖАР ВО С. ЦРЕШОВО: Тешко повредено едно лице, итно пренесено во Комплекс...

ПОЖАР ВО С. ЦРЕШОВО: Тешко повредено едно лице, итно пренесено во Комплекс клиники

На 27.01.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Црешево, скопско, настанал пожар на тераса од куќата сопственост на П.Б.(80), при што бил опожарен дел од фасадата.

Од пожарот П.Б. се здобил со изгореници и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.