дома Занимливости Познатата манекенка стана мајка, ја објави првата фотографија од ќерката

Познатата манекенка стана мајка, ја објави првата фотографија од ќерката

Манекенката и актерка Кејт Аптон и бејзбол играчот Џастин Варлендер станаа родители, а нивната наследничка се вика Женевив Аптон Варлендер.
Кејт се породи на 7 ми овој месец, но дури денес на социјалните мрежи објави фотографија од ќерката.

Манекенката одлучи на обожавателите да им ја соопшти среќната вест, па со нив сподели емотивна фотографија.
И Џастин со гордост објави фотографија од ќерката со коментар „Добродојде на светот Женевив Аптон Варландер. Го украде моето срце штом те погледнав.“

Да потсетиме дека Кејт Аптон неодамна беше прогласена за една од најатрактивните жени во светот.