дома КОВИД-19 (Коронавирус) Познатата српска актерка позитивна на кoрoнавиpус

Познатата српска актерка позитивна на кoрoнавиpус

Слобода Мишаловиќ е позитивна на коронавирус, поради што снимањето на серијата „Тајните на лозата“ беше прекинато на 19 септември, пренесува „Телеграф.рс“.

Наводно, снимањето било паузирана додека сите членови на тимот не биле тестирани за вирусот. Истите медиуми наведуваат дека другите членови на тимот, кои веќе биле тестирани за коронавирус, се негативни.

„Телеграф“ наведува дека актерката, инаку, ја примила третата доза вакцина против коронавирус. Таа беше вакцинирана со руската вакцина Спутник В.