дома Локално ПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ

ПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ

Пожар изби утрово во детската болницата за белодробни заболувања во скопско Козле.

На терен реагирале и противпожарни екипи, а пожарот е веќе изгаснат. За среќа нема повредени лица.

– Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени, изјави командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.