дома Спорт Познати се четвртфиналните дуели во Копа Америка

Познати се четвртфиналните дуели во Копа Америка

Ноќеска се одиграа последните два натпревари од групната фаза во Копа Америка, познати се сите четвртфинални дуели.

Уругвај со гол на Кавани на десет минути пред крајот го победи Чиле и како прв во групата оди меѓу осумте најдобри во Јужна Америка.

Еквадор и Јапонија одиграа нерешено 1-1. Еквадор како последен во групата Ц доживеа елиминација, а Јапонија е најлоша третопласирана па и тие го завршија учеството.

Покрај нив место во елиминационата фаза немаше ниту за Боловија и Катар кои беа последни во своите групи.

Четвртфинале:

Бразил – Парагвај

Венецуела – Аргентина

Колумбија – Чиле

Уругвај – Перу