дома Занимливости Познат датумот кога последен пат ќе се поместат сказалките на часовникот!

Познат датумот кога последен пат ќе се поместат сказалките на часовникот!

Укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година, иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март.

Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020.
Поради низа потенцијални проблеми со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020, се наведува оттаму.

Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците два пати годишно.