дома Временска Прогноза Поларен студ во Македонија, измерени температури до -16 степени

Поларен студ во Македонија, измерени температури до -16 степени

Продолжува поларниот бран. Утринските температури во Битола и во Берово се спуштија на -16 степени.

Во Крива Паланка се измерени -13 степени, во Скопје – Петровец, Прилеп и во Пожаране се измерени -11 степени, во Ѓуриште, Виница, Тетово и во Охрид се измерени -10 степени, -8 степени Скопје – Зајчев рид, во Струмица и во Гевгелија се измерени -4 степени и во Дојран беше најтопло каде се измерени -3 степени.

Минусни температури се очекуваат и утре, додека подоцна во денот се очекува јужен ветер