February 6, 2023, 3:51 am

Политички земјoтрeс во Грац: Грaдoначалничката како идeал ја има Југoславија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комунистите го добија Грац, a на идната градоначалничка Елке Кар (59), Југославија ѝ била идеал.

Во вториот најголем град во Австрија, се случи политички земјотрес. На локалните избори победи Комунистичката партија на Австрија (КПА) со 28,9 отсто, што е зголемување на бројот на гласови за 8,6 проценти.

Во разговор за „РТЛ Директ“, кој го пренесува „Индекс.хр“, идната градоначалничка зборувала за Тито и Југославија, за себе и за односот кон граѓаните.

„Јас овие денови ќе наполнам 60 години и за Тито знам од моето детство, неколку пати како дете бев во Југославија. За мене таа држава се распадна на најтажен можен начин. Јасно е дека не било сè совршено, но Тито беше рамката која го поврзуваше сето тоа, мене ми се чинеше дека за време на Југославија не беше толку важно дали си Босанец, Црногорец, Хрват, Словенец, Србин. Постоеше рамка која ги поврзуваше различните култури, различните религии и тоа го направи токму Тито. Од сите поранешни социјалистички држави во овој дел од Европа, за мене Југославија беше најблиску до мојот идеал“, објасни таа.

Во првото интервју по победата Кар кажа дека нема да се кандидира на следните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This