дома Актуелно Полицијата апелира граѓаните да останат смирени, се постапува по приjaвата за нaпaд

Полицијата апелира граѓаните да останат смирени, се постапува по приjaвата за нaпaд

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.