дома Политика ПОЛИЦИЈАТА ГО ОКУПИРАШЕ ЦЕНТАРОТ: Зоран Заев требало да руча во ресторан на...

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОКУПИРАШЕ ЦЕНТАРОТ: Зоран Заев требало да руча во ресторан на плоштадот, полицијата го окупираше центарот на Скопје – блокирале и згради!

Со која делегација денес Заев ручаше во еден скопски ресторан во близина на Триумфалната порта, за што полицијата имаше наредба да ги малтретира станарите во околните згради, па дури и вработените во сите фирми во близина на ресторанот

 

Полицијата денес буквално го окупираше просторот околу Собранието на Р.Македонија до плоштадот „Македонија“ и Триумфалната порта, поради најавата дека Зоран Заев имал закажано ручек околу 16.00 часот во еден скопски ресторан.

Полициајта буквално ги малтретирала станарите во околните згради, а биле испрашувани и вработените во фирмите кои се наоѓаат во близина на ресторанот. Обезбедувњето дури и наредило да се даде список на вработени, за тоа кој ќе доаѓа, а кој ќе останува во втора или трета смена на работа, за да бидат контролирани од страна на полицијата.

До ресторанот, Заев пристигна со скапиот „Мерцедес“ од 600.000 евра кој Заев вети дека ќе го продаде, а парите ќе ги донира. Заедно со „Мерцедесот“ пристигнаа и уште 10-тина возила обезбедување, полни со полициски службеници.

Останува прашањето, од кого Заев се плаши ако кампањата му се засноваше на тврдењето дека бил човек од народот?