дома Актуелно ПОЛИЦИЈАТА ИМА СОЗНАНИЈА ЗА ТРЕТИОТ НАПАЃАЧ: Спасовски открива дека МВР веќе има...

ПОЛИЦИЈАТА ИМА СОЗНАНИЈА ЗА ТРЕТИОТ НАПАЃАЧ: Спасовски открива дека МВР веќе има сознанија за третиот напаѓач, наскоро ќе следи апсење!

Не мислам да водам истрага преку медиуми, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање дали МВР има сознание и ќе покрене истрага во врска со изјавата на премиерот Заев дека проруски бизнисмени од Грција плаќале за насилство во пресрет на референдумот.

– Што било да имаме и какви било информации да имаме што се однесуваат на сензитивни прашања, ниту ќе можеме, ниту смееме, ниту, пак, е потребно тоа да го водиме преку медиумите и како истрага да ја спроведуваме преку медиумите. Треба да знаете дека во секој момент кога ќе имаме што било да соопштиме, што е во фаза на можност да биде соопштено, тоа ќе го направиме, рече Спасовски.

Запрашан дали МВР го пронашло третиот напаѓач на Саздовски кој беше претепан до смрт и дали е пронајдено возилото „мерцедес“ од кое излегле напаѓачите, министерот Спасовски посочи дека возилото и идентитетот на двајца од напаѓачите е утврден уште истиот ден.

– За третиот напаѓач веќе имаме конкретни сознанија и очекуваме многу скоро тоа да се случи, рече Спасовски и појасни дека кога ќе имаат можност да го обезбедат ќе го обезбедат и ќе информираат за тоа.

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека градот не е безбеден, Спасовски рече дека фактите говорат друго.

– Во однос на тоа што кажува опозицијата апсолутно јас не можам да ја градам стратегијата како треба да работиме. Фактите покажуваат дека нивото на криминалитетот е опаднато драстично од тоа време кога тие ја водеа државата. Второ, откривачката дејност на полицијата е исто така многукратно зголемена со поднесување и расветлување на кривични дела и кривични пријави. Јас се обидувам да имаме стратешки пристап кон зголемување на безбедноста и во Скопје и во Република Македонија, рече Спасовски кој денеска присуствуваше на трибина посветена на заштитата и чувањето на шумите во Центарот за обука во Идризово.