дома Актуелно ПОЛИЦИЈА ПРЕД ДИК, СЕ СОБИРА НАРОД: Народот се собира да си ја...

ПОЛИЦИЈА ПРЕД ДИК, СЕ СОБИРА НАРОД: Народот се собира да си ја одбрани волјата во исчекување на објавувањето на резултатите!

Полиција има пред Државната изборна комисија, а во меѓувреме се очекува да биде соопштен бројот на мандати кои го освоиле политичките партии вчера на предвремените парламентарни избори.

Пред ДИК веќе се собираат луѓе. Во членот 135 од Изборниот закон е предвидено дека ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Од ДИК пред неколку часа повикаа граѓаните да имаат малку трпение. Денеска од ВМРО-ДПМНЕ, побараа ДИК да ги објави конечните резултати и обвинија дека претседателот, Александар Чичаковски си заминал за да спие.