дома Хроника Полициjaта кocи во Скопје, само вчера изpeчени вpтоглaв број на kaзни

Полициjaта кocи во Скопје, само вчера изpeчени вpтоглaв број на kaзни

На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.

Од МВР денеска информираа дека од нив девет се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.