дома Македонија ПОЛОВИНА МВР НА ТЕРЕН ВО ШТИП: Се стопираат возила, се претресуваат и...

ПОЛОВИНА МВР НА ТЕРЕН ВО ШТИП: Се стопираат возила, се претресуваат и заплашуваат граѓани!

Штипјани не се уплашија од силните притисоци кои полицијата ги врши врз нив.

Од рано утрово буквално “врие“ од полиција низ улиците во градот. Полицајци застануваат возила и граѓани, но штипјани не паднаа на опструкциите, пишува „Денешен“.

Граѓаните на Штип денес излегуваат и гласаат на вториот круг од локалните избори.

Граѓани на Штип испратија фотографии до редакцијата на „Денешен“ на кои јасно се гледа дека полицијата се обидува да направи опструкции.