дома Македонија ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА СОРОСОИДИТЕ: На ден пред изборите, Владата ги „појача“...

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА СОРОСОИДИТЕ: На ден пред изборите, Владата ги „појача“ соросоидите со 500.000 евра!

Ва самиот финиш од предизборната кампања, се интензивираа финансиските трансфери на сметка на невладините организации. 27.445.567 денари, денес беа префрлени на сметките на невладините организации за промоција на политиките на социјалдемократите, а со последнава трансакција за овој месец, бројката на префрлени средства од државната каса на нивните сметки, достигна 39 милиони денари.

 


Колку за споредба, т.н „шарени револуционери”, кои ги уништуваа објектите на државните институции, од државата примија, 77 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за месецов. Ова укажува на тесна поврзаност на невладините организации со самата врхушка на СДСМ. Финансиската зависност од државата ѝ овозможува на Владата директна контрола над работењето на невладините, што СДСМ всушност ја користи за партизирање на невладиниот сектор.

Наместо вложувања и реализација на капитални проекти и добра кои ќе обезбедат повеќекратни сегашни и идни користи, парите на и онака аномаличниот буџет се трошат на невладини организации и на останати непродуктивни проекти.