дома Македонија Помалку од два часа до затварањето на гласачките кутии

Помалку од два часа до затварањето на гласачките кутии

Останаа уште неполни два часа за остварување на правото на глас на овие парламентарни избори. За разлика од сите досегашни избори денеска Македонија гласа до 21 часот. Ковид-19 влијае на гласањето за да се избегнат турканици на гласачките места, и да им се остави на граѓаните повеќе простор и време слободно да ја изразат својата волја.

Запазени се безбедносните мерки- се гласа со маска, се дезинфекцираат рацете пред и по гласање.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија ќе учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.