дома Свет ПОМПЕО ВО СКОПЈЕ: Американскиот државен секретар ќе ја посети Македонија

ПОМПЕО ВО СКОПЈЕ: Американскиот државен секретар ќе ја посети Македонија

Американски државен секретар Мајк Помпео во првата половина на октомври ќе ја посети нашата држава, во рамки на дипломатската турнеја низ регионот, се дознава од неофицијални извори.

Подгорички „Вијести“ јавија дека првиот американски дипломат ќе престојува и во Црна Гора, но се уште нема потврда за датумот. Помпео ќе биде првиот американски државен секретар што ја посетил нашата држава од времето на Колин Пауел, за време на kpизата во април 2000-та година. Пред рефepeндумот во Скопје допатува шефот на Пентагон и државен секретар за одбpaна Џејмс Матис.

Шефот на Стејт департментот и еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигнат прво во Скопје, а а потоа да остварат официјална посета на Црна Гора.

Помпео неодамна го назначи Метју Палмер за Специјален пратеник за Западен Балкан.