дома Македонија ПОМПЕО: Силно ја поддржуваме определбата на С Македонија кон поблиска интеграција со...

ПОМПЕО: Силно ја поддржуваме определбата на С Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница

„Силно ја поддржуваме определбата на С Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница, се вели во изјавата на државниот секретар на САД Мајк Помпео, објави Стејт департментот.

Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на С Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на С Македонија кон членство во НАТО, изјави државниот секретар

– Силно ја поддржуваме определбата на С Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на С Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар Помпео.