дома Македонија Поплавени рудниците во Битола, но струја ќе има

Поплавени рудниците во Битола, но струја ќе има

Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот“, стои во соопштението.

ЕСМ соопшти дека обилните врнежи од дожд и снег ја отежнуваат работата во рудниците во РЕК Битола, но, тврдат оттаму снабдувањето со струја е стабилно.

Според соопштеното од утрово во прекин е работата на Блок 2, но потребите од електрична енергија се задоволуваат со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, хидроелектраните и ветерниот парк. Набавка на електрична енергија во моментот нема и не се планира.

– Врнежите од над 100 литри на метар квадратен и надојдената вода, предизвикаа застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот, стои во соопштението.

Од ЕСМ тврдат дека електроенергетскиот систем во земјава е стабилен и ги повикуваат политичките партии, да не создаваат страв и паника меѓу граѓаните.