дома Локално Поради дeфeкт бeз вода ќе остане пола Скопје

Поради дeфeкт бeз вода ќе остане пола Скопје

Поради голем дeфeкт на булеварот „Кочо Рацин“ спроти Олимпискиот базен бeз вода или со намален доток на вода ќе бидат голем дел од корисниците на Скопје.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе бидат населбите Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.