дома Македонија Поради земјотpecoт во Албанија: Тетово ги прогласи среда и четврток за денови...

Поради земјотpecoт во Албанија: Тетово ги прогласи среда и четврток за денови на жалocт

Општина Тетово одлучи да прогласи денови на жалост, како и да одвои средства за хуманитарна помош по повод земјотресот во Албанија.

Одлуките се донесоа на вонредна седница на Советот на Општината.

Прогласени се среда, 27-ми и четврток 28 ноември како денови на жалост во Општина Тетово во знак на солидарност со жртвите од земјотресот во Албанија. Одлучивме и да се одвојат еден милион и петстотини илјади денари како хуманитарна помош. Средствата ќе се донираат за градот Драч и населбата Тумана за справување со последиците од земјотресот. Финансиите се обезбедени од резервниот фонд на Општината – информираше Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

Општина Тетово организира и собирни пунктови за донација на помош која им е најпотребна на настраданите во најпогодените подрачја од земјотресот.

Помошта може да се остави во Противпожарната единица во Тетово на улица „Индустриска”.