дома Свет ПОРАДИ КOРOНA КPИЗAТA: Цената на нафтата на највисоко ниво од март

ПОРАДИ КOРOНA КPИЗAТA: Цената на нафтата на највисоко ниво од март

Цената на нафтата денеска порасна на највисоко ниво од март. Растот е поддржан од залихите во САД, и намалување на понудата од страна на ОПЕК, и опоравување на побарувачката после попуштање на мерките на ограничување на движењето во повеќе држави, кое беше предизвикано од коронавирусот.

Северноморската нафта „Брент“, за испорака во јули ја зголеми цената за 1,5 % односно на 36,29 долари по барел.

Американската „лесна“ нафта ВТИ, поскапе за 67 центи или за 2% повеќе, и сега изнесува 34,16 долари, известува Ројтерс. Од 11 март ова е највисока цена на „црното злато“.