дома КОВИД-19 (Коронавирус) Поради лошата епидемиолошка состојба, неколку средни училишта ќе започнат со онлајн настава...

Поради лошата епидемиолошка состојба, неколку средни училишта ќе започнат со онлајн настава наместо настава со физичко присуство

Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.