дома Македонија ПОРАДИ НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ: Oдложeнa седницата за назначување на нови директори

ПОРАДИ НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ: Oдложeнa седницата за назначување на нови директори

Владеачкото мнозинство во Собранието ја одложи седницата на Комисијата за избор и именување за половина час бидејќи и натаму се усогласува за тоа кои да бидат директори и нивни заменици во неколку јавни установи на национално ниво кои уште ги раководат раководства назначени од претходната власт.

Седницата се одложи по барање на Ивана Туфегџиќ од СДСМ. Илија Димовски од ВМРО-ДМПНЕ, рече дека Власта неколку пати барала овие точки да бидат на дневен ред и нејасно е зошто сега бараат одложување на истите.

Инаку, се работи за назначување на нови директори на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Дирекција за зaaштита на лични податоци, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.