Поради kopyпцијата Бугарија ќе остане без финансиска помош од Европската унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резолуцијaта усвоена од ЕУ за kopупција во Бугарија може во иснина да доведе усложнување на постапката за доделување средства од европски фондови за потребите на таа балканска земја, смета политичкиот аналитичар и раководител на одделот за политички науки на Новиот бугарски универзитет Иван Начев.

Како што рече, во два наврати, и преку извештајот на Европската комисија и преку резолуцијата усвоена од Европскиот парламент, Европа и даде на знаење на Софија дека е свесна за кopупцијата во Бугарија на највисоко ниво.

„Очигледно, се чини дека бугарската влада воопшто не е заинтересирана за тоа“, рече тој.

„Тоа е голем проблем и на долг рок, влијае на секој граѓанин поединечно“, додаде тој.

Да потсетиме, членовите на парламентот на ЕУ го поддржаа документот со мнозинство гласови, со кој се предлага продолжување на надзорот врз спроведувањето на реформите во судството и борбата против корупцијата во Бугарија .

Според резолуцијата, бугарската влада треба построго да го контролира трошењето на европските фондови и да им гарантира на граѓаните пристап до информации за тоа како се користат парите од данокот и дали тие имаат за цел збогатување на луѓето во владејачката партија ГЕРБ.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This