дома Локално ПОРАКИ ОД ТИТО ЌЕ ГО „КРАСАТ“ МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Се поставуваат...

ПОРАКИ ОД ТИТО ЌЕ ГО „КРАСАТ“ МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Се поставуваат новите букви од изјавата на Тито на фасадата на Музеј на Град Скопје

Направени се од тврдо пресуван стиропор и ја имаат првобитната жолто-златеста боја како и автентичните букви кои на објектот на Старата железничка станица стоеја од 1974 до 2001 година.

Ги изработи кумановската компанија „Фрагмат“. Избран е посовремен фонт, а висината им е помала од првобитните затоа што по реконструкцијата на ѕидот пред осум години просторот е помал.

Натписот што сведочеше за изјавата на преседателот на СФРЈ и претходеше на светската солидарност во реизградбата на разурнатиот град, беше отстранет во 2001 година.

Изјавата на Тито се читаше во наредните скоро десет години од лепакот што остана на ѕидот, а сосема ја снема откако тој беше реконструиран во 2010 година.

Свеченото откривање на натписот ќе биде во рамки на одбележувањето 55 години од скопскиот земјотрес, кое Музејот на Град Скопје го организира под покровителство на Град Скопје.