дома Балкан Поранешен албански министер за евроинтеграции почина од Ковид-19

Поранешен албански министер за евроинтеграции почина од Ковид-19

Поранешниот албански министер за евроинтеграции и владина координација Марко Бело (59) почина од ефектите на вирусот корона, објавија денеска албанските медиуми.

Тој почина во четвртокот, во болница во Турција, каде што му беше укажана помош, пренесува порталот Егзит.

Бело беше член на албанското собрание од 2001 до 2013 година, а од 1997 до 2000 година служеше како амбасадор во Романија и министер за одбрана.