August 18, 2022, 10:57 pm

Поранешниот доктор на Ериксен: Неговата кариера е завршена – тој уmpe на терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кристијан Ериксен синоќа на дуелот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство колабираше на терен, најверојатно поради срцев удар иако тоа засега не е официјално потврдено.

Еден од најистакнатите кардиолози во Англија, Санџај Шарма, кој е професор на Универзитетот Сент Џорџ, вели дека Ериксен нема да може да ја продолжи својата фудбалска кариера. Шарма дури и му бил доктор на Данецот, кога играше за Тотнем.

„Ериксен имаше нормална работа на срцето до 2019 година и сега како да го објасниме срцевиот удар? Ова ја потресе целата земја. Добрата вест е што тој е жив, лошата вест е дека ова е крај на неговата кариера. Дали повторно ќе игра фудбал професионално? Не знам да кажам со сигурност. Во Англија сигурно не би можел. Многу сме строги околу тоа“, вели доктор Шарма.

Причините за овој инцидент можат да бидат различни, како на пример недефинирана медицинска состојба или висока температура.

„Фактот што е стабилен и буден е навистина одлично. Навистина не знам дали ќе продолжи да игра фудбал. Да не го кажам ова премногу отворено, но тој денеска умре. Иако на неколку минути, но тој умре. Дали докторите некогаш ќе му дозволат повторно да умре? Одговорот е – не!“, вели докторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This