дома Актуелно ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА, ПЕТАР СТОЈАНОВ: Илинденското востание е бугарско, Македонија е...

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРИЈА, ПЕТАР СТОЈАНОВ: Илинденското востание е бугарско, Македонија е дел од Бугарија

– Зошто велам романтизам, затоа што кога започнува четничкото движење во Македонија, особено кога почнува подготовката и почнува Илинденското востание, бугарите се веќе многу повеќе образовани, ние имаме свои весници, имаме свои канали за комуникација и цела Бугарија знае за тоа. Тоа е нашето второ Априлско востание, изживеано со едно романтично чувство, кажав за првото многу луѓе дознале дури по неговото задушување. Од таа гледна точка, ние бугарите нема како да се лишиме себе си од таа страница на нашата историја. Затоа што ако се лишиме од нејзе историјата ќе ни остане исклучително сиромашна. Затоа историјата на Македонија е најромантичниот дел од историјата на Бугарија – вели Стојанов.


Инаку Априлското востание индиректно довело до осамостојувањето на Бугарија, тоа го поттикнало руското вмешување и почнувањето на Руско-Турската војна, која резултирала со независност на кнежеството Бугарија.