дома Европа Португалија најави карантин во земјата поради алармантните бројки на новозаразени

Португалија најави карантин во земјата поради алармантните бројки на новозаразени

 Португалија следната недела ќе одлучи за потенцијалните построги ограничувања што може да доведат до ново „заклучување” на земјата доколку продолжи загрижувачкиот раст на инфекции со коронавирус, изјави денеска португалскиот премиер Антонио Коста.

– Ако се потврди многу веројатната еволуција (на пандемијата) следната недела, ќе мора да донесеме порестриктивни мерки како што се случи во другите европски земји, изјави Коста по состанокот на Владата.

Бројот на лица заразени со коронавирусот во земјата, во која живеат околу 10 милиони жители, вчера се зголеми за рекордни 10.027 случаи. Денеска е забележан благ пад на бројот на заразени – 9.927 случаи, што е втор најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број лица заразени со коронавирус во Португалија е 446.606, додека вкупно починале повеќе од 7.000 луѓе.