дома Локално Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради посетата на...

Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје поради посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

На 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) во официјална посета на Република Македонија ќе биде делегација предводена од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.