дома Македонија ПОСКАПЕЛЕ КАФАНИТЕ: Цените во рестораните поскапи во споредба со февруари, објави ДЗС

ПОСКАПЕЛЕ КАФАНИТЕ: Цените во рестораните поскапи во споредба со февруари, објави ДЗС

Цените на угостителските услуги во изминатиот месец поскапеле во споредба со февруари, објави Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во споредба со февруари 2018 година, е зголемен за 1,2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 5,8%. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6%, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0,6 %