дома Балкан Последната желба на Балашевиќ пред да почине била да се слушне со...

Последната желба на Балашевиќ пред да почине била да се слушне со неговата сопруга Оливера

Послената желба на еден од најпопуларните југословенски музичари Ѓорѓе Балашевиќ, пред да почине, бил да се слушне со неговата сопруга Оливера, со која беа во брак 40 години, открива извор близок до пејачот.

Балашевиќ почина денес на 67. годишна возраст. Тој пред три дена беше примен на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад. Но ниту интензивната нега не беше доволна за подобрување на лошата состојба како последица на корона вирус.

Денеска напладне неговата состојба дополнително се влошила. Лекарите повеќе од два часа се обидувале да го вратат во живот, но за жал безуспешно.