дома Политика Последна недела пред првиот круг од претседателските избори

Последна недела пред првиот круг од претседателските избори

Започнува последната недела пред првиот круг од претседателските избори во земјава. Според агендата, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе има митинзи во Валандово и Гевгелија, Блерим Река, поддржан од БЕСА и Алијанса за Албанците ќе има средба со граѓаните и митинг во Битола, а Стево Пендаровски од владејачката коалиција ќе биде во Куманово.

Од Скопје викендов кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова и кандидатот на владејачката коалиција, Пендаровски упатија свои пораки кон гласачите, а Блерим Река, поддржан од БЕСА и Алијанса за Албанците, се обрати од тетовско Желино.

Кампањата ќе трае до 19 април, по што следува 24 часовен изборен молк, а првиот круг од гласањето ќе се одржи в недела, на 21 април.