October 6, 2022, 9:51 pm

Последниот чин за уништување на Македонија е новата „Пластелин коалиција“ – Мицкоски од Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите од Штип вели дека во градот ветените проекти започнуваат со реализација. „Обврските кои ги имаме спрема граѓаните мора да се реализират. Во Штип ќе се формира економски совет, за соработка помеѓу стопанството и општината.“

Запрашан за новата владина коалиција од новинарите, тој вели дека станува збор за „Пластелин коалиција“
– „Новата коалција претставува политичко препелкање за Заев да го продолжи својот век на траење уште неколку недели. Политиката се сведе на пазар. Наместо да зборуваме за идеи и за развој, зборуваме за тоа кој колку министерства добил. Новата коалиција е последниот чин за уништување на Македонија во режија на Зоран Заев и СДСМ.“

За новите министерства без ресор, тој вели дека „Тоа е само оптоварување на буџетот и џебот на граѓаните и стопанството. Политички фолклор. Тие се веќе прочитани, нека престанат да се понижуваат“.

Мицкоски изјави и дека очекува Македонија да ги започне преговорите со Европската унија за една недела од сега. – „Хегемонистичките барања на нашиот сосед мора да се напуштат. Тоа не се вредности на ЕУ“ додава тој.

Прашан за слабост во новата владина коалиција и негодувањето на помалите партии, Мицкоски вели дека „Траењето на Владата зависи од тоа кога ќе се вразумат. Во коалицијата никој не е задоволен, па дури ни СДСМ. Тоа е Пластелин коалиција. Најновите истражувања на јавно мислење покажуваат дека граѓаните сакаат избори. Ние повикуваме на избори и ќе ги искористиме сите демократски алатки за тоа“.

За барањата на Алтернатива да има меѓународен мониторинг и ревизија на судски случаи, тој смета дека тоа е непринципиелно. -„Политички договор за судски случаи не е независно судство“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This