дома Свет ПОТВРДЕНО: Убиен е портпаролот на ИСИС

ПОТВРДЕНО: Убиен е портпаролот на ИСИС

Американската војска потврди дека воздушниот напад во северна Сирија минатиот месец, чијашто цел беше портпаролот на Исламска држава, Абу Мохамад ал Аднани, беше успешен, изјави денеска анонимен претставник на Пентагон, јави Танјуг.

 

– Можеме да потврдиме дека Ал Аднани е мртов – рече истиот извор.

Анонимен претставник на Пентагон уште на 30 август потврди дека САД извршиле воздушен напад, чијашто цел бил Ал Аднани, по што ИД објави дека тој е убиен.

Руското Министерство за одбрана на 31 август соопшти дека Ал Аднани е убиен во воздушен напад на руските сили.

Ал Аднани е Сириец од сирискиот град Идлиб, кој се заколнал на верност на ИД, пред повеќе од десет години, наведе Институтот Брукингс, нагласувајќи дека еднаш тој е уапсен од американските сили во Ирак.