August 10, 2022, 8:55 am

Потврден првиот cмpтeн случај кај пациент зapaзен со омикрон вакциниран со две дози од вакцината во Израел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Израел е потврдена првата смрт кај пациент заразен со сој омикрон на коронавирус, објавија израелските медиуми.
Во извештаите се наведува дека првата жртва на омикронската варијанта е маж во осмата деценија со историја на болеста, а починал вчера во Бершева иако бил вакциниран со две дози од вакцината.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска ги предупреди сите земји да се подготват за значително зголемување на бројот на случаи на ковид-19 предизвикани од ширењето на сојот омикрон и потврди дека оваа варијанта се појавува главно кај помладата популација.
Израел, исто така, припаѓа на Европскиот регион на СЗО, како и Турција, Русија и други поранешни советски републики.

На денешната прес-конференција во Виена, Клуге потврди дека од ноември, кога е откриен видот омикрон, оваа варијанта се појавила во најмалку 38 од 53 земји на Европската зона на СЗО и веќе е доминантна во неколку земји, меѓу кои Данска, Португалија и Велика Британија.
Во исто време, здравствените власти во Тексас денеска објавија дека во таа американска сојузна држава е забележан првиот смртен случај поврзан со сојот омикрон, пренесува ABC News.
Се верува дека тоа е првата позната смрт поврзана со видот омикрон во Соединетите држави, според извештајот што ги цитира здравствените власти во округот Харис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This