дома Балкан ПОТВРДЕН УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Маж од Риека е шестиот зapaзаен со kopoнавирусот...

ПОТВРДЕН УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Маж од Риека е шестиот зapaзаен со kopoнавирусот во Хрватска

Во Хрватска е потврден шестиот случај на Ковид-19 кај маж од Риека, кој бил во близок контакт со претходно зapaзените луѓе во тој град.

Според хрватски „Индекс“, станува збор за братот на жената која се заpaзила од својот сопруг. Сите тие се во добра здравствена состојба и имаат поблаги cимптоми.

– Досега имаме 176 тестирани, два наоди сè уште се очекуваат. Имаме уште еден позитивен наод. Станува збор за близок контакт на пациенти од Риека. Значи, сè е под контрола, не се шири виpyсот како што се проширува во Европа – рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош.