дома Хроника ПОЧИНА ПЕШАКОТ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ,,КАПИТОЛ“: Возачот приведен

ПОЧИНА ПЕШАКОТ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ,,КАПИТОЛ“: Возачот приведен

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар „Капитол“ во која загина еден пешак, а возачот на автомобилот избега.

Според МВР, сообраќајката се случила во 14:40 часот на булеварот „Јане Сандански“ кај трговскиот центар „Капитол“ кога возило „пежо“ управувано од 28-годишниот А.Р. удрило во 66-годишниот Н.А кој бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е констатирана смрт.

Возачот на пежото избегал од местото на настанот, но подоцна припадниците на единицата „Алфи“ го пронашле возилото, а возачот бил приведен во полициската станица во Гази Баба.

Од возачот се земени крв и урина за анализа, а возилото е оденсено на технички преглед.

По наредба на Јавното обвинителство, телото на починатиот е предадено за обдукција.