дома Занимливости ПОЧНАА ВОЛЧЈИТЕ ДЕНОВИ: Ова никако да не го изнесувате од дома!

ПОЧНАА ВОЛЧЈИТЕ ДЕНОВИ: Ова никако да не го изнесувате од дома!

Според народното верување, од 16 ноември се до 24 ноември временските прилики ќе покажат каква ќе биде претстојната зима. Имено, ако деновите бидат магливи, зимата ќе биде променлива и маглива, а ако биде ведро, зимата ќе биде остра и со доста мраз.

Во овој период од годината 16-24 ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат, а жените не работат рачни работи.

Обичај е во овие денови да се заколе црно пиле или млад црн петел. Се колеше молчејќи, во рана зора, на куќниот праг. Претходно на пилето или на петелот клунот му се врзува со црн конец за да не писка и да нема никаков глас. Отсечената глава од пиле се врзувала со црвен конец за клин и со неа се баело.