дома Македонија ПОЧНАА ДА СЕ ВРТАТ ИМИЊА:Проф. Ванковска го откри својот фаворит за претседател...

ПОЧНАА ДА СЕ ВРТАТ ИМИЊА:Проф. Ванковска го откри својот фаворит за претседател на Македонија

Професорката Билјана Ванковска го откри својот фаворит за претседател на Република Македонија.

Ванковска изрази желба во битката за претседател на Македонија да ги види актуелниот премиер Зоран Заев и професорката Гордана Давкова Силјановска како заеднички кандидат на здружената опозиција.
Професорките Ванковска и Силјановска заедно со колегите Жидас Даскаловски, Марија Ристеска, Јован Донев и уште десетици други стојат зад иницијативата за писмото за името на 200 интелектуалци, подоцна и зад писмото одговор што весникот Гардијан одби да го објави.

Како кандидати се споменува првиот министер за надворешни работи Денко Малевски. Нема да биде изненадување доколку ДУИ ја предложи и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која има добри релации со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и која би можела да агитира кај членството да се поддржи Арифи. Како решение не се исклучува и Стево Пендаровски кој беше противкандидат на Иванов на последните избори.

ВМРО-ДПМНЕ кандидатот за претседател ќе го бира на конвенција откако општинските комитети ќе предложат свои кандидати.

Како имиња кои засега се споменуваат во јавноста се Трајко Славески кој е долгогодишен член на партијата и поранешен министер за финансии. Во игра е поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски кој би бил прифатлив за странците но не е омилен кај членството.

Како последно име кое се споменува меѓу граѓаниите е професорката Гордана Силјановска, која не е член на ВМРО-ДПМНЕ и би била добар заеднички кандидат на здружената опозиција.

Сите овие имиња сеуште се само шпекулации.