дома Култура ПОЧНАА СО ЦЕНЗУРИРАЊЕ НА ФИЛМОВИ: Филмот на Јани Бојаџи повредувал нечии чувства

ПОЧНАА СО ЦЕНЗУРИРАЊЕ НА ФИЛМОВИ: Филмот на Јани Бојаџи повредувал нечии чувства

Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм, инаку познат по аферите со недвижности во Загреб налик на скопски ФИКОМ (еден стан го продал на двајца купувачи) овојпат повторно се впушта во содржинската осуда на филм, чија продукција е комплетно цензурирана.

Тозија веќе има уништено неколку започнати проекти, со едноставно објаснување дека имал идеолошки забелешки на сценариото. Сведоците од Хрватска кои го потврдија ваквиот негов однос како директор на Агенцијата за Филм, која би требала да биде политички независна, сведочеа за ваквиот негив пристап пред камера, пред која Тозија одби да даде објаснување.

Деновиве, уште еден филм е жртва на неговото самоволие, за што од Агенцијата за Филм стигнува многу дискутабилно објаснување:

Агенцијата за Филм е независна институција од Министерството за култура, и заедно ги осудуваме решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството во врска со, како што велат, скандалозниот филм „Ругање со Христос“, финансиран од Aгенцијата за филм во 2015. година.

Од Министерството информираат дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото