дома Занимливости ПОЧНАА ЧЕТВОРИЦА, ОСТАНАА САМО ДВАЈЦА: Кои Македонци поминаа, а кои испаднаа во...

ПОЧНАА ЧЕТВОРИЦА, ОСТАНАА САМО ДВАЈЦА: Кои Македонци поминаа, а кои испаднаа во „Ѕвездите на Гранд“!

Во вчерашното и најново издание на „Ѕвездите на Гранд“, во дуелите меѓу кандидатите беа и четворица Македонци: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Стефан Величковски и Гоце Бошковски.

Жирито вчерашната вечер ја нарече македонска, но не сите од нив имаа среќа да поминат во следниот и потесен круг.

Иако секој од нив беше одличен на сцената и беше тешko да се поверува дека било кој од нив ќе испадне, сепак тоа се случи.

Имено, Огнен Здравковки беше најбезбеден, бидејќи по дуелот беше директно пласиран. Но, Стефан, Маринијан и Гоце мораа во бараж.

Среќата да продолжи понатаму ја имаше само Мартинијан, додека Гоце и Стефан за жaл нe беа меѓу полуфиналистите.