дома Локално Почнува реконструкцијата на Бит–пазар

Почнува реконструкцијата на Бит–пазар

Компанијата „Скопски пазар” најавува дека наскоро ќе почне целосната реконструкција на Бит-пазар. Општина Чаир во јануари го издаде одобрението за градење. Во тек се подготвителните работи околу дислоцикација на дел од пазарџиите, за да се создаде простор за реализација на првата фаза од проектот.

Проектот предвидува четири фази. Планирано е поставување на 1.000 нови тезги, обновување на водоводот и канализацијата, целосно покривање на пазарот и изведба на нов деловен простор со површина од 600 метри квадратни.

Ќе има и надземен паркинг со капацитет од 230 возила. Санациониот зафат ќе се одвива во период од околу 14 месеци.