дома Македонија ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“: Екс-министерката за култура денес ќе ја брани својата...

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“: Екс-министерката за култура денес ќе ја брани својата невиност пред судот

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска денеска треба да седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд како првообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Освен екс министерката, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.

Случајот „Тендери“ на СЈО се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во кој првообвинета е Канческа – Милевска. Според СЈО, тендерот од еден милион евра за завршните работи за Музејот на ВМРО бил наместен.